Пожар, во село Нежилово: Изгоре викенд куќата на Горан Апостоловски по само 20 дена од пожарот на викендицата на брат му Зоран
16.07.2020
Во пожарот што се случил ноќеска околу полноќ целосно изгоре викендицата во село Нежилово на семејството Апостоловски.Огнот први го забележале сопствениците на соседните викендици и куќи. Тие веднаш го побарале семејството на братот на сопственикот Горан, поточно, Зоран Апостоловски. Сопругата Сузана на телефон и соопштила на јатрвата Убавка и го пријавила пожарот во Противпожарната територијална единица во Велес.
Но додека пожарникарите стигнале во селото, оддалечено околу 55 км од Велес, викендицата целосно изгорела бидејќи била изградена од дрво.
Остатоците од викендицата по пожарот на куќата на Горан Апостоловски
-Веднаш по телефонскиот повик тргнавме кон селото. Таму не затече стравична глетка. Огнот веќе ја имаше проголтано дрвената куќа. Изгоре мебелот во собите, белата техника во кујната, санитаријата во купатилото, облека, па и сите алати, косилката за трева и останатите машини што ги имавме купено. Штетата е над 20 илјади евра. А со никој од соседите и останатите жители во селото не сме се скарале, замериле или навредиле, рече сопственичката Убавка Апостоловска.
Викендицата фотографирана во зима 2020
Таа тврди дека пожарот бил подметнат бидејќи во хот куќата немало електрична енергија или плин. Семејството за огрев користело само дрва.
Остатоците од пожарот пред дваесетина дена на викенд куќата на Зоран Апостоловски
Викенд куќата на Зоран Апостоловски пролетва 2020, пред пожарот
Нивните сомнежи сега се поголеми затоа што пред дваесеттина дена исто така во пожар изгорела и куќата на помалиот брат на Горан поточно на Зоран Апостоловски.
Семејството го пријавило случајот во СВР Велес и денеска на местото на изгорената куќа увид изврши и екипа на СВР Велес.
Хот куќата на Горан и Убавка Апостоловски, исто како и куќата на нивните роднини, биле стари пет години. Семејствата откако ги изградиле на атрактивни локации, над рибникот и покрај стариот пат што води кон планинарскиот дом Чеплес, ги користеле за викенди и за подолги одмори.
Сега Апостоловски ги очекуваат резултатите од полицискиот увид ./У.Ј