Чадиева: Марко Колев нема да ја смени одлуката за цената на ѓубрарината за фирмите,постојат ли фирми кои сеуште плаќаат по стара пресметка? (видео)

Објавено на 7 јуни, 2023 во 19:06

Претседателката на СДСМ тврди дека изјавата на градоначалникот Марко Колев во која тврди дека се согласил да се намали цената на ѓубрарината, дадена за велешки портал, не му била искрена и со неа не го сменил ставот туку таа била  реакција на поведените постапки од нејзина страна како претседател на Општинската организација на СДСМ пред Уставен суд  и Министерство за локална самоуправа за оценување на законитоаста на одлуката на Советот на општина Велес.

„ Ден пред Марко да даде изјава дека размислува да ја намали ѓубрарината, имаме сознанија од вработените во општина Велес, дека веќе Уставен суд побарал да се произнесат по однос на оваа одлука,што значи предметот е земен во работа. Исто така и од министерството за локална самоуправа бевме известени, по нашата преставка, дека е проследена до надлежниот инспекторат. Во таква ситуација,повторно во состојба на паника и немоќ, Марко Колев веднаш дава изјава за портал дека наводно тој размислува да ја врати старата цена. Драги Велешани, да бидеме сите начисто, старата цена на ѓубрарината ќе се врати само и единствено ако СДСМ успее во постапката пред Уставен суд да ја поништи оваа катастрофална одлука за Велес. Марко Колев нема да ја смени одлуката а Вие сами судете на чија страна е вистината за грижата на граѓаните,“ рече Чадиева на попладневната прес конференција.

Таа го прашаше градоначалникот Колев, ако навистина сакал да ја намали цената зошто не ја прифатил иницијативата поднесена од советничката група на СДСМ за дополнување на дневниот ред на последната седница на Советот со точка „Отповикување на Одлука за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустриски неопасен отпад на територија на Општина Велес“,туку напротив, од него стигнал писмен негативен одговор.

Тврдејќи дека покачената цена на ѓубрарината имала само една цел  а тоа биле вработувањата на новите партиски пулени во „Дервен“, Чадиева го аргументираше со бројот на распишани огласи  на страната на Агенција за вработување.

„На крај сакам да го прашам Градочачалникот Марко Колев дали е точно дека оваа пресметка на ѓубрарина не важи исто за сите правни лица, односно постојат ли фирми блиски до ДПМНЕ  кои се уште плаќаат ѓубрарина по старо. Тоа ли е таа ваша кампања Македонија за сите, кога за Вас и  Велес не е за сите, туку само за поддржувачите и членовите на ДПМНЕ,“ рече Чадиева.

Претседателката на ОО на СДСМ Велес не одговори попладнево конкретно на новинарското прашање кои се фирмите што сеуште плаќале сметки за ѓубрарина по стара пресметка туку рече дека доколку биде испровоцирана тоа ќе го стори.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.