Честичките ПМ 2,5 и ПМ 10 со високи концентрации денеска во велешкиот воздух
Започна грејната сезона и се зголемија вредностите кои покажуваат загадување на воздухот на поставените три мерни станици на ЕД „Вила Зора“ во Велес. Денеска резултатите од мерењата на мерната станица поставена во населба „Шорка“ покажуваат параметри коишто класифицираат енормно загадување на воздухот и ја издвојуваат посебно улицата „Вељко Влаховиќ“. Таму присутвото на суспендирани честички ПМ 2,5 изнесува 57 ng/m3 воздух или за 22 ng/m3 воздух повеќе од дозволената концентрација. Двојно повеќе од дозволеното количество на ПМ 10 честички се измерени на истата улица, над четири и пол пати е поголемо присуството на јаглерод моноксид додека количеството на азот диоксид е во концентрации над четири пати од максимално дозволените концентрации.
Загадување на воздухот има и на мерната станица во центарот на градот, којашто, регистрира присуство на ПМ 2,5 честички во концентрација од 32 ng/m3 наместо дозволената концентрација од 25 ng/m3. Суспендираните честички ПМ 10 се во дозволените граници додека концентрациите на јаглерод моноксид е седум и пол пати повисока од МДК и кај азот диоксид вредностите се во сосема мало покачување од дозволеното. Овие вредности се измерени на улицата „Страшо Пинџур“ што се наоѓа во строгиот центар на градот.
Поради рестартирање на мерната станица во Нова Населба, лоцирана на улица „Д-р Христо Татарчев“, денеска не можат да се прочитаат вредностите за присуството на суспендираните честички ПМ 2,5 и ПМ 10 како и на јаглерод моноксид и азот диоксид.
Убавка Јаневска