Четворица ковид пациенти на болничко лекување во ЈЗУ Општа болница Велес
Објавено на 29 септември, 2022 во 14:42
На Инфективно одделение во велешката болница хоспитализирани се вкупно четворица ковид пациенти. Двајца од нив се позитивни на корона вирусот додека другите двајца се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Елена Левкова Ќулумова соопшти дека од вкупиот број на хоспитализирани пациенти тројца се на кислородна поддршка.
Во моментов во болница има слободни 22 болнички кревети.
Инаку, во изминатите 24 часа регистрирани се 105 нови случаи на Ковид-19 на државно ниво. Во Велес нема новозаразени.
Стефани Манева