Црвен Крст Велес бара негователи, можат да се пријават граѓани кои не се вработени
Бројот на потребни негуватели е ограничен како и пријавувањето чиј краен рок е 19 јули, годинава. Пријавените невработени лица ќе добијат можност за бесплатни тримесечни обуки за негователи и асистенти за работа во локалните заедници. Потоа ќе можат да се вработат во приватни установи за социјална заштита на стари лица и здруженија на граѓани. Обучените нововработени негователи ќе испорачуваат социјални услуги за помош и нега во домовите на крајни корисници.
Можност да се обучат за негуватели ќе добијат само 150 невработени лица во Македонија. Сите избрани и обучени негователи ќе бидат дел од програмата „Економија на грижа“ во рамките на Оперативниот план на активни мерки и програми за вработување #ШансаЗаСите2023.
Заинтересираните за дополнителни информации можат да се јават во просториите на ЦРВЕН КРСТ Велес или на телефонските броеви: 043/231 – 537; 071/274 – 223 и 077/754 – 942.
Невработени лица потребно е да се пријават Центарот за вработување во Велес каде пополнуваат пријава. Оваа мерка е дел од Оперативниот план на владата којашто се реализира во партнерство на Министерство за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Црвен Крст на Македонија.
Досега во рамките на програмата #careeconomy во 2021 и 2022 година, 470 невработени лица ја поминаа стручната обука додека 212 се вработија во 25 Здруженија на граѓани како даватели на социјални услуги на локално ниво.
Убавка Јаневска