Црвен Крст – Велес со едукативна работилница за промоција на хигиена

Објавено на 28 март, 2022 во 13:16
Фото: Црвен Крст – Велес

Црвен Крст на РСМ Општинска организација – Велес како дел од проект „Здравје во итни случаи“ денеска одржале едукативна работилница со ученици од осмо одделение од основото општинско училиште „Панко Брашнаров“. За време на работилницата учество земале  ученици и две лица од делот на вработените во училиштето.

Фото: Црвен Крст – Велес

– Тема на едукацијата беше „Промоција на хигиената“ кај ученциите. Тие можеа да видат и да научат како правилно се мијат рацете, кои постапки да ги превземат за да не дојде со ширење на бактерии, како да постапуваат со храната и со водата. Едукативната работилница ја изведе Д-р Марија Давчева, тренер по хигиена во Општината организација на Црвен крст од Велес., пишува во соопштението на Црвен Крст Велес.

Покрај теоретскиот дел, секој ученик направил тест за чистотата на раце и за чистотата на работните површини во просторијата.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.