Д-р Василкова Мидовска: Народен музеј Велес ќе треба да се затвори ако не се вработат стручни лица (видео)

Само двајца високостручни лица ,од кои еден е директор а вториот археолог, и четири административно технички лица овозможуваат сеуште да бидат отворени вратите на велешки Народен музеј и во исто време да работи Ликовен салон Велес. Кадровскиот дефицит, којшто години наназад е нерешен проблем причина е за сегашната алармантната состојба на одржување во живот на една од најстарите локални музејски установи во државата. Особено откако во пензија замина и историчарот на уметност па сега само археологот, единствено е овластено лице кое освен што ги пишува, аплицира и ги обезбедува финансиски проектни средства од Министерство за култура исто така ја реализира и Годишната програма за работа на институцијата.
„Тоа воопшто не е едноставна работа бидејќи другите Оддели на музејот нема вработени стручни лица и се затворени, рече д–р Анита Василкова Мидовска која исто така соопшти дека се ангажираат допломирани архиолози, за хонорар кои гизавршат, неопходните и приоритетните работни активности во институцијата.
Д-р Василкова Мидовска додаде дека Народен музеј Велес има историски и културни споменици какошто е Спомен Костурница, кој е во опасност од девастирање и руинирање затоа што нема вработено лице кое би се грижело за тековното одржување. Потоа спомен куќите на значајните личности на Велес кои се затворени за посетители како и комплексот Спомен куќи во Горно Врановци, историски споменици на култура од национален интерес, за кои сега се грижи само вработениот чувар. Поради заминување во пензија на историчарот и не пополнувањето на работното место не работи ни Историското музејско одделение. Од оваа локална институција, пред пет години, со спогодбен отказ заминал и документаторот додека пред две години поради отказ на етнологот затворено е и Етнолошкото одделение. Во музејот недостасуваат и хигиеничари за да ги задоволат потребите за одржување на сите објекти.
Убавка Јаневска
