Делегација од Шпанија во посета на Велес за решавање на сообраќајниот хаос
Делегација од Шпанија од областа Валенсија денеска беа во посета на Велес со цел разменување на искуства во делот на урбаната мобилност, пренесување на искусва за спроведување на практични мерки и активности за реализација на Планот за одржлива урбана мобилност. Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев рече дека пред делегацијата го презентирале проектот и детално им објасниле за проблемот со сообраќајот во централното градско подрачје.
-Им го преставивме она што го имаме ставено на парче хартија за делот што имаме обезбедено финансиски средства. Побаравме поддршка во реализација бидејќи тие имаат скоро сличен проект реализирано. Прва општина сме во Република Македонија што ќе го решава на овој начин сообраќајот. Почнуваме за многу брзо време, имаме неколку инфраструктурни работи коишто ќе бидат тука во централното подрачје но и други во делот на урбаната мобилност, додаде Колев.
Градоначалникот и советник на Куарт де Побле Бартоломе Нофуентес Лопез, честиташе за работата бидејќи според него преку овој проект Велес се приближува кон Европа и она што се работи таму.
-Честитки за заложбите што ги правите, да ги стасате европските цели на европските општини во однос на урбаната мобилност односно одржливоста. Велес е се поблиску до Европа, додаде Нофуентес.
Градоначалникот градскиот совет на Сиља Винсент Зарагоза Алберола рече дека се се’ постигнува со проекти и доколку градот има зацртано извесни проекти коишто треба да се реализираат треба и да цели кон тоа.
-Секогаш си ги поставуваме оние цели коишто ги имаме зацртано во рамките на еден град. Вашиот градоначалник го објасни процесот каде почнувате и каде завршувате. Верувам дека ќе има многу успех бидејќи целите ви се многу добро поставени. Се надевам дека за некоја година кога ќе го имате завршено проектот ќе се вратиме и ќе ви честитаме за успехот, додаде Алберола.
Проектот „Паметни решенија Велес – продолжуваме“ финансиски е поддржан од Европска Унија и општина Велес е прва македонска општина со План за одржлива урбана опрема како основа за одобрување на европски проект.
Стефани Манева