Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај поради асфалтирање

Објавено на 17 август, 2023 во 09:46

Авто мото сојуз на Македонија известува дека делница Велес – Градско, во период од 16 до 19 август, годинава, ќе биде затворена за сообраќај во период од 08:00 до 16:00 часот поради Ве вградување на асфалтен слој.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.