Демиркапискиот педофил: Сеуште без обвинение!

Објавено на 18 октомври, 2012 во 11:04

Под сомнение дека вршел сексуално злоставување на двајца ученици Р.Р, екс директорот на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ од Демир Капија, шести месец е во притворското одделение во Шутка. Против него сеуште не е поднесено обвинение бидејќи се чека на резултатите од психијатриското вештачење, вели истражниот судија на велешкиот суд Бојанчо Донев. Тие биле клучен доказ во истражната постапка што се води против четириесет и едногодишниот Р.Р. Според последните информации на судот, се броеле денови, во кои вештачењето ќе бочо готово и ќе им било испратено.

Полицијата Р.Р го приведе на 30 мај, годинава, под соменвање дека за пари намамувал двајцата ученици на возраст од 13 до 15 години со намера сексуално да го задоволуваат. Тогаш МВР соопшти а градоначалникот на Демир Капија потврди дека и претходно Р.Р бил пријавен за вакво кривично дело кога интерна истрага имало но, поради недоволни докази неможела да се бара одговорност.

Сега од општина Демир Капија велат дека тоа што се случило на крајот на минатата учебна година не се одразило врз работата на училиштето. Градоначалникот именувал нов директор, колективот функционирал, наставата се одвивала без проблеми.

И во градот, шест месеци по случката, се изгледа нормално и веќе никој не зборува за скандалот што претходно ја вознемири македонската јавност.  Тогаш демиркапијци беа изненадени од информациите што ги слушаа преку медиумите а беа поврзани со директорот на основното училиште бидејки како што објаснуваа директорот Р.Р важел за културен, мирен и повлечен човек.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.