Демиркаписката клисура магнет за туристи
Околу илјада туристи во текот на годината доаѓаат во Демир Капија со цел да ја запознаат живописната и атрактивна демиркаписка клисура. Сите кои еднаш дошле овде се едногласни дека нема една педа земја овде што не е интересна за туристите. Стемежот е да се развие алтернативен туризам и годишно да доаѓаат и до 40 илјади туристи.
Деновиве кај “железната порта “ се одржа четвртиот фестивал за спортско качување. Учествуваа седумдесетина учесници од Македонија, Бугарија, Србија, Русија, Германија, САД. Сите беа едногласни дека клисурата е магнет за алтернативните туристи кои ја сакаат природата. Најмладиот учесник имаше само 10 години, а најстариот кој се искачуваше на карпите имаше 49 години.
Претедателот на македонската спортско качувачка федерација Владимир Трповски уште во 1994 година го препознал потенцијалот на Демиркаписката клисура. Засега имало 150 насоки за качување во неколку сектори.
“Ова е дефинитивно најдобрата локација во Македонија и пошироко за спортско качување. Со неа можеме да конкурираме и во европски рамки. Ни требаат само повеќе насоки за качување. Една карпа во Грција на пример има 1.800 насоки. Треба да работиме на тоа. А дека има потенцијал, има. Пред 18 години тука идевме ние два тројца, сега годишно идат преку илјада посетители. Тежнееме да ги стигнеме светските локалитети со 40 илјади туристи годишно само во нашиот спорт. Ете каде е приходот и јас со години укажувам на тоа“ рече Трпковски.
Градоначалникот на Демир Капија, Трајче Димитриев ги поздрави активностите кои водат во насока на промоција на општината, со цел да се привлечат поголем број на туристи кои ќе ја имаат можноста да уживаат во недопрената природа.
