Сапаидис Савас: Сакаме да го пронајдеме тоа што не врзува а не што не дели!
Оваа порака ја упати од Демир Капија претседателот на Стопанската комора на регионот Лерин во Грција од дводневната меѓународна конференција за вмрежување на туристичките понуди и развој на туризмот на двата региони Тиквешкиот од Македонија и Леринскиот од Грција.
Савас вака одговори на новинарското прашање дали политиката може да се испречи на туристичките патишта кои се обидуваат да ги изградат двата града, Демир Капија и Флорина.
„Пред се програмата, која ја поддржува нашата иницијатива, е европска па така политичкиот проблем нема да постои. Досега е докажано дека во двете држави народот нема проблем. Значи аакаме да го пронајдеме тоа што не поврзува а не тоа што не дели. Во период во кој не удира економската криза многу значајна е соработката со соседните држави, со соседите, со нив треба да се воспостави добра врска за соработка и за туризам а поготово за агротуризам. Ќе завршам со моја мисла дека меѓународните програми не треба да завршат сам со еден проект туку дека треба да продолжат“, рече Савас.