Презентации за „Пештера Змејовец“ и „Долина на Кактусите“ !
Општина Демир Капија се промовира како атрактивна туристичка дестинација.
Две видео презентации Пештера Змејовец и Долината на кактусите во село Клисура ќе се одржат во Музеј на Демир Капија в петок. Настанот е дел од проектот „Центар за прзентација“ финансиран од страна на USAID и мировниот корпус на САД во Македонија во соработка со општина Демир Капија. Целта на овој проект e зголемување на развојот на туризмот во општината и свеста за археолошките и природните ресурси преку искористување на центарот за презентација.
Во видео презентацијата пештерата Змејовец е преставена како туристичка атракција која според легендата на Марко Цепенков, во неа доаѓале луѓе од секаде, поради лековитата вода. Пештерата Змејовец е составена од два дела: поголем, со тркалезна форма и должина од 150 метри а вториот, помал со должина од 40 метри. Пештерата е богата со украсни предмети: драпери, сталактити и сталагмити, со што може да се споредува со Постојна Јама во Словенија. Отворот на Змејовец е голем, но затоа два и пол километри треба да се оди пеш.
