Демиркапици на Водици ќе се соберат на бреговите на река Бошавица!
Денот сепак ќе го започнат со Божествена литургија во црквата Света Богородица.
На светата божествена литургија посветена на крштевањето на Спасителот Исус Христос утре, рано изутрина, се очекува голем број на верници да дојдат во црквата Света Богородица.
И оваа година организаторите очекуваат голем бројни млади луѓе да учествуваат во организираната манифестација и верскиот обред на скокање во водата на реката Бошавица и фаќање на Светиот крст. Чинот се изведува секоја година во присуство на голем број граѓани од Демир Капија и блиските населени места.
Демиркапијци, веруваат дека оној најсреќниот кој ќе го фати прв осветениот крст цела година ќе го прати здравје и среќа зашто е храбар да влезе во студената вода на реката.
За најумешниот скокач локалната самоуправа обезбеди телевизор. Од црковниот одбор ќе го добие светиот крст со кој потоа во наредниот период ќе ги посетува домовите на верниците кои ќе го даруваат крстот за среќа и здравје во нивните домови.