Демиркапијци ги почнаа подготовките за Свети Трифун!
Организаторите најавуваат интересни содржини како дегустации на храна, ракија и вино.
Се очекуваат голем број на туристи на лозарската манифестација Свети Трифун во Демир Капија.
Како добри домаќини, организаторите, најавија богата програма со бројни изненадувања за туристите како прошетка по винските патишта, посета на ридот на кактусите, натпревари и друго.
„Ќе организираме посети на винарии, дегустации на вино и ракија ќе бидат презентирани современи специјалитети. Ќе можат да се посетат интересните туристички локации како ридот на кактуси, пештерите, ретките птици грабливки и слични места,“рече Виолета Јанкова, советник за туризам во општината.
Во рамките на манифестацијата Недела на традицијата ќе има натпревари во закројување на лози,најдобро подготвено вино и ракија во домашни услови, најфкусно подготвени традиционални и современи специјалитети а ќе има и аукција на архивски вина.
Парите од аукцијата ќе бидат донирани на Специјалниот завод во Демир Капија.
Оваа манифестација пред две години Министерството за економија ја прогласи за најдобра на Светскиот ден на туризмот.