Викендов нови семинари во Демир Капија од проектот Ценет!
Во Демир Капија започнаа шестиот и седмиот семинар од областа на туризмот во рамките на проектот ЦЕНЕТ, кој е финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка кој се спроведува со општина Флорина од Грција. Одржувањето на семинарите е во ООУ Димче Ангелов Габерот.
„Семинарите се предвидени за администрацијата,локалното население и бизнис заедницата. Нивната цел е посетителите на семинарите до ја сфатат важноста на туристичката гранка за да можат во иднина сами да дадат свој придонес во развојот и промоцијата на се она што нуди од областа на туризмот оваа општина“ рече Виолета Јанкова,советник за туризам при локална самоуправа Демир Капија.
На темата „Проектен циклус“ предавач е магистер Зоран Велковски и професор Нинко Костовски додека за „Маркетинг и промоција“ ќе говори Зоран Николовски./ Б.Н.Т