Обука за онлајн продажба на туристичка понуда!
Онлајн продажбата на туристички производ беше тема на осмиот семинар од проектот ЦЕНЕТ што викендов се одржа во Демир Капија. Со цел поуспешен развој на туризмот, професорот Цветко Андреески од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, ги запозна учесниците со новите можности за онлајн промоција на туристичките производи преку најразлични системи кои ги нудат новите технологии.
Учесниците имаа прилика да се запознаат со начинот на онлајн продажбата, односно користејќи ги новите средства за комуникација најдобро го промовираат својот бизнис и да ги продаваат своите услуги. Беа презентирани начините за изработка на добра веб страница, а се советуваа учесниците да ги користат форумите и социјалните мрежи за промоција на туристичката понуда.
Овој месец во Лерин ќе се одржи последната од предвидените обуки во склоп на овој проект кој се очекува да заврши на крајот на месец август. Потоа центарот за туризам во Демир Капија свечено ќе биде пуштен во употреба. Дополнително ќе се реализираат обуки за вработените во туризмот и угостителството. / Б.Н.Т