Водата стигна и до домовите на жителите на Лаки, кај Демир Капија!
Објавено на 5 јули, 2013 во 13:19
Дваесеттината жители на месноста Лаки кои се сточари, од вчера, во домовите имаат вода за пиење. Сега очекуваат да им ги олесни условите за живот и за работата.
Водоводот во употреба го пушти градоначалникот Трајче Димитриев.
Општината беше инвеститор а иведувач ЈКП Бошава.
Водоводната мрежа е во должина од 450 метри. Поставено црево ф 63, заедно со цевка во бунарот и електрична пумпа, хидрофор.
Притисокот од 7 бари е доволен за нормално водоснабдување на дваесетината домови. Општината планира системот да го надгради со резервоар. /Б.Н.Т