Во Демир Капија започна празнувањето на Свети Трифун

Објавено на 10 февруари, 2014 во 12:53

Демиркапијци и годинава го започнаа чествувањето на празникот на лозарите Свети Трифун со активности за избор на најдобар кројач на винова лоза.

Тоа впрочем е и првиот настан од програмата за одбележување на Денот на лозарите и винарите. На овој натпревар учествуваа девет мина  кројачи на винова лоза, а кроењето го следеше  тричлената комисија составена од земјоделски инжинери. Кројачите имаа можност двесетина минути да ги покажат своите вештини за резидба на лозата.

 

Како дел од активностите за празнување беше и натпреварот за избор на најдобро произведено домашно вино и ракија.Учествуваа 22 индивидуални лозари  со  28 примероци на домашно вино и 15 примероци на ракија.

Производите ги дегустрираше тричлена комисија составена од eнолозите Андон Крстевски, Јованка Цветкова и Елена Богева.

Најдобрите и во двете натпреварувања ќе бидат прогласени на централната прослава на Свети Трифун закажана за 14 февруари./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.