Во Демир Капија започна празнувањето на Свети Трифун
Демиркапијци и годинава го започнаа чествувањето на празникот на лозарите Свети Трифун со активности за избор на најдобар кројач на винова лоза.
Тоа впрочем е и првиот настан од програмата за одбележување на Денот на лозарите и винарите. На овој натпревар учествуваа девет мина кројачи на винова лоза, а кроењето го следеше тричлената комисија составена од земјоделски инжинери. Кројачите имаа можност двесетина минути да ги покажат своите вештини за резидба на лозата.
Како дел од активностите за празнување беше и натпреварот за избор на најдобро произведено домашно вино и ракија.Учествуваа 22 индивидуални лозари со 28 примероци на домашно вино и 15 примероци на ракија.
Производите ги дегустрираше тричлена комисија составена од eнолозите Андон Крстевски, Јованка Цветкова и Елена Богева.
Најдобрите и во двете натпреварувања ќе бидат прогласени на централната прослава на Свети Трифун закажана за 14 февруари./А.Д