Во Кавадарци едно лице приведено, во Демир Капија највисок одзив на гласачките места

Објавено на 15 октомври, 2017 во 16:00

Текот на гласањето во Тиквешијата и понатаму е без посериозни забелешки за нерегуларности. Од МВР информираа дека едно лице е лишено од слобода бидејќи гласал во име на сопругата. Овој настан го расчистува полицијата.

До 17 часот на 60 гласачки места во Кавадарци гласале 60% од вкупниот број запишани избирачи 32.706. Споредено со предвремените парламентарни избори се бележи пониска излезност до 17 часот за околу 8 проценти. 

Претседателот на ОИК Кавадарци, Зоран Костов вели дека гласањето поминува без проблеми.

Во Неготино до 17 часот гласале 63,69% од вкупно запишаните 16.703 граѓани со право на глас. И овде, како што информира претседателката на ОИК, Нетка Веселинова гласањето поминува без проблеми.

Демир Капија и понатаму е со највисока излезност. До 17 часот гласале 71,18% од вкупниот број избирачи 3.405.

Во Росоман гласале 60% , а во Градско 55,70%.

A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.