Дрекслмајер донираше два ЕКГ апарати за Здравствен дом – Неготино

Објавено на 27 јули, 2021 во 11:28

Два нови современи ЕКГ апарати се ставени во функција во Интерното одделение во Здравствениот дом во Неготино. Дрекслмајер ја поддржа оваа здравствена установа со ваков тип на медицинска опрема, така што медицинскиот персонал ќе може брзо и ефикасно да ги извршува лекарските прегледи, а пациентите ќе добијат соодветен третман без повеќечасовни чекања.

-На наше задоволство, а со цел задоволување на потребите на пациентите, ЕКГ апаратите веднаш беа ставени во употреба. Голема благодарност до Дрекслмајер затоа што ја поддржа нашата установа. Со помош на овие ЕКГ апарати кои претставуваат дополнување на постоечката медицинска опрема пациентите ќе добијат третман како што заслужуваат, а истовремено ние како медицинска установа ќе можеме да дејствуваме во насока на рано откривање и превенирање на коронарните и срцеви заболувања, рече Д-р Билјана Филипова, Директор на Здравствен дом – Неготино.

Директорот на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер, го посети Здравствениот дом во Неготино и истакна дека грижата за здравјето на луѓето е приоритет.

 -За Дрекслмајер, луѓето се секогаш во центарот на вниманието. Токму затоа во соработка со здравствените установи и со заедницата реализираме голем број проекти на начин што даваме придонес во насока на поддршка на заштитата и унапредувањето на јавното здравје, додаде Мирингер.

Дрекслмајер во изминатите години реализираше низа проекти за поддршка на здравствените институции во регионот. Општата болница во Кавадарци во неколку наврати беше поддржана со медицински апарати како што се гастроскоп и колоноскоп, како и со возило за медицински персонал.

За потребите на болницата во Велес, Дрекслмајер донираше амбулантно возило. Компанијата, исто така, даде свој придонес во опремувањето на новата лабораторија на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп преку донација на современ апарат кој се користи за тестирање на пациенти сомнителни на Ковид-19.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.