Двајца браќа од Кавадарци се степале и си нанеле повреда со остар предмет
Објавено на 21 ноември, 2022 во 10:59
Седумдесет и пет годишниот Т.Т и неговиот две години помлад брат О.Т, прво се скарале а потоа се степале во семејниот дом во Кавадарци. Повозрасниот брат земал остар предмет и му нанел повреда на О.Т. Тој пак употребил дрвен за да го одземе остриот предмет и притоа го повредил брата си.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека за укажување на лекарска помош двајцата браќа завршиле во болница. Помладиот во Комплекс клиника „Мајка Тереза“ во Скопје додека постариот во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.
Случајот во Одделение за внатрешни работи Кавадарци бил пријавел во саботата, на 19 ноември,годинава. СВР Велес презема мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Дума.мк