Двајца нови пациенти во Општа болница Велес
Објавено на 3 јуни, 2021 во 13:51
Вкупно се лекуваат осум пациенти од кои двајца се потврдени позитивни и шест со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се тројца пациенти и во текот на денешниот ден испишан е еден пациент како оздравен, со еден негативен тест, соопшти потпаролката Д-р Елеонора Јованова.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат двајца и на Интерно одделение шест пациенти.
Стефани Манева