Двајца нови пациенти во Општа болница Велес

Објавено на 3 јуни, 2021 во 13:51
Општа болница Велес

Вкупно се лекуваат осум пациенти од кои двајца се потврдени позитивни и шест со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се тројца пациенти и во текот на денешниот ден испишан е еден пациент како оздравен, со еден негативен тест, соопшти потпаролката Д-р Елеонора Јованова.

Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат двајца  и на Интерно одделение шест пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.