Двајца велешани и жител на Свети Николе починаа од ковид-19 во велешка болница
Објавено на 19 септември, 2021 во 18:30

Тројца пациенти коишто се лекуваа во велешка болница се починати во изминатите 24 часа. Велешаните се на возраст од по 59 години додека пациентот од Свети Николе е на возраст од 66 години.
Денеска во болницата вкупно се хоспитализирани 63, од кои 43 се потврдени позитивни,7 сомнителни и 13 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 28 пациенти.
На Инфективно одделение се лекуваат 37, во Модуларна болница 15 и на Интерно одделение 11 пациенти.
Од велешка болница денеска испишани се 10 пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.
Убавка Јаневска
