Двајца велешани на Градскиот пазар продавале пиротехнички средства, полицијата им одземала над 1.400 парчиња
Шеесет и девет годишниот велешанец И.Ќ, вчера, во 10:50 часот на Градскиот пазар во Велес, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Сектор за внатрешни работи Велес. При преглед кај него биле пронајдени и одземени вкупно 1.115 парчиња разновидни пиротехнички средства.
-Истиот ден, на 19 декември, при преглед на тезга на Градскиот пазар, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес кај Ц.З.(62) од Велес пронашле и одзеле 300 парчиња пиротехнички средства, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека со двајцата велешани во Полициска станица Велес бил извршен службен разговор, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните против нив ќе бидат поднесенаи соодветни пријави.
Дума.мк