Две лица физички нападнале жена и крадец го ограбил Градскиот пазар во Велес
Двата настани се случиле вчера,25 декември, годинава, пишува во билтенот на Секторот за внатрешни работи Велес.
Физичкиот напад врз триесет и девет годишната М.М.(39) од Скопје, со престој во Велес, се случил, вчера околу 14.00 часот на ул.„Ангел Мишев“ во Велес. Жената го пријавила во Полициска станица околу 14 часот. Таа пријавила дека ја нападнале две лица. Полицијата превзела мерки за расчистување на случајот.
Четириесет и четири годишниот С.М од Велес го сторил грабежот на централниот градски пазар. Грабежот се случил вчера вечер, околу 21.00 часот кога полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода крадецот. С.М се сомничи дека од Градскиот зелен пазар во Велес одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица
-По целосно документирање на случајот, против него ќе следи соодветна пријава, пишува во полицискиот билтен.
Убавка Јаневска