Една тракторска приколка смет собраа спортските риболовци во еко акција кај Железен Мост во Велес
Здружението на спортски риболовци “Бабуна” во пресрет на организираниот традиционален Куп во спортски риболов реализираше еколошка акција на брегот на река „Вардар“ кај Железен мост во Велес. Се собираа отпадоци и смет на патеката на река Вардар и во околините зелени површини на паркот на оваа локација во градот.
Подпредседателот на клубот Ангел Тодоров изненаден од собраната количина на смет по акцијата рече:
-Оваа е една од неколкуте акции којашто ја спроведуваме крај железниот мост. Го исчистивме теренот, малото паркче и брегот на Вардар. Оваа година собравме рекордна количина на смет, кесиња и пластика. Како човек не можам да разберам како нечистотијата не им смета на граѓаните кои живеат во близина на Железен мост. Многу брзо ке имаме нова акција на друга локација, додаде Тодоров.
Во акцијата беа собрани количини на смет во пластични вреќи со кои се наполни една тракторска приколка.
Лазар Лазаровски