Едно лице физички нападнало маж во пошта и жена пред продажен објект во Росоман
Четириесет и шест годишниот М.Ж од Росоман вчера, околу 11:30 часот со употреба на сила и остар предмет го скршил сталкото од влезната врата на поштата во Росоман и физички го нападнал седумдесет и четири годишниот М.К од Кавадарци којшто бил во поштата. Во ЈЗУ Општа болница Кавадарци констатирани му се тешки телесни повреди.
Портпаролот на Сектор за внатрешни работи Велес, Ристе Самарџиев, информира дека М.Ж откако излегол од поштата, пред продажен објект во Росоман, физички нападнал и 51 годишна жена од Росоман.
Случајот бил пријавен во полициска станица вчера и полициски службеници од ОВР Кавадарци во 12:30 часот го лишеле од слобода.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека лицето било спроведено во Психијатриска болница во Негорци.
Стефани Манева