Фатени двајца велешани при купопродажба на дрога, се обиделе да побегнат
Објавено на 14 септември, 2023 во 12:19
Дваесет и шест годишниот Х.М и пет години помладиот Д.Н, двајцата од Велес, вчера, во 11:30 часот биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Тие биле затекнати при купопродажба на дрога и се обиделе да побегнат, но набгру биле фатени и лишени од слобода.-Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. Во 14.40 часот од слобода бил лишен и Л.М.(48) од Велес, кој бил со Д.Н. и Х.М, а претходно успеал да побегне, додаваат од СВР Велес. За настанот бил известен и јавен обвинител, а велешаните биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Дума.мк