Фестивал на вино и храна вечерва во Градско, Петар Грашо како главна ѕвезда на вечерта
Објавено на 12 јули, 2024 во 11:24
Градско вечерва ќе биде центар на добрата храна, виното и музиката со што ќе го одбележи својот патрон „Св. Апостол Павле“. Програмата на второто издание на фестивалот насловен „Градско, храна, вино и традиција“ ќе започне во 20:30 часот и ќе трае до 02:30 часот на шеталиштето во општината.
Присутните граѓани ќе имаат можност да уживаат во музичките изведби на Спасен Силјановски, Либеро Бенд, Жаре Бербер и главна ѕвезда на вечерта ќе биде Петар Грашо. Неговиот настап ќе започне во 23:30 часот па се до 01:00 часот по полноќ со што празникот „Св. Апостол Павле“ ќе се дочека со него.
На фестивалот ќе има вкупно разни 10 штандови за храна и вино.
Стефани Манева