Физички напад на Тиквешко езеро

Објавено на 26 април, 2021 во 09:45

На 25.04.2021 во 19.00 часот во Полициската станица Кавадарци, Д.Д.(68) од с. Возарци, кавадаречко, пријавил дека околу 17.00 часот, додека бил со пријатели во дворот од неговата куќа на Тиквешко Езеро, бил физички нападнат од О.Г.(37) од Кавадарци, кој потоа со возило го удрил Д.Д.. Се работи на целосно расчистување на случајот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес.

Мите Јаначков

Сподели: