Физички нападнат вработен во основното училиште „Лирија“ во село Горно Јаболчиште
Објавено на 2 ноември, 2021 во 10:43
Во Полициско одделение Чашка, во текот на вчерашниот ден, 1 ноември, дваесет и девет годишниот Џ.У од село Горно Јаболчиште, вработен во основното училиште „Лирија“ пријавил дека околу 07:30 часот во ходникот на училиштето бил физички нападнат од четириесет и едно годишниот М.Ш и четири години помладиот Р.У, двајцата од село Горно Јаболчиште.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева