(фото и видео) Дечињата од детската градинка патуваа кон „Чудесната вселена“, со нив понесоа повеќе од 2500 велешани во публика

Објавено на 29 мај, 2024 во 10:55

Идните 320 првачиња кои во изминатите години учеа, се дружеа и поголем дел од своето време го поминуваа во својот втор дом, во градинката „Димче Мирчев“, вчеравечер на завршната приредба отпатуваа во „Чудесната вселена“. Тие преку 12 музички точки со нив понесоа и повеќе од 2500 велешани кои беа во публика и ја исполнија спортската сала „Гемиџии“. Некои од нив седеа по страничните ѕидови или се потпираа на страничните тераси со цел да уживаат во патувањето.

Овации и долги аплаузи добиваа сите идни првачиња кои во изминатиот период заедно со целиот тим на детската градинка „Димче Мирчев“ вредно работеа и се подготвуваа за нивниот најзначаен настан пред да слетаат на планетата „училиште“.

Сцената којашто изгледаше светски, со голем број на ефекти на секој поединец во салата му овозможи чувтсво како да е во вселената. „Патуваме сонуваме“ беше првата точка во којашто дечињата облечени во пижами на сцена сонуваа за чудесната вселена, заспивајќи тие се претворија во мајстори кои сами ја подготвуваа својата ракета со којашто го започнаа патувањето. Облечени како космонаути тие полетаа и тогаш се појави сонцето, а веднаш по него и ѕвездите за да стигнат и до марс кадешто закачија македонско знаме но со нив ја понесоа и Лајка, првото куче коешто се искачи на марс. Дечињата облечени во посебно подготвени костуми играа и уживаа во секој момент на сцената. Се појавија и супер херои, стар варс, весели човечиња, зелена патрола но и оние кои силно испратија порака „Немаме резервна планета“. Делови од патувањето можете да погледнете на видеото.

На самиот крај, на сцената сите идни првачиња во еден глас ја пееа и песната „За овој свет“ на што публиката не остана рамнодушна и им се приклучи. Веруваме дека ова патување ќе остане врежано во нивните срца засекогаш, но исто така дека за нивното патување уште долги години ќе зборува и публиката којашто имаше можност да биде заедно со нив.

Со среќа другарчиња, редете безброј успеси на новата планета „училиште“.

Стефани Манева

фото:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.