(фото и видео) Претстава „Далматинчо и Дедо Мраз“ за дечињата во велешката градинка и нивна донација за Детско одделение на Општа болница

Објавено на 27 декември, 2023 во 11:58

Илјада дечиња на возраст од две до шест години во осумте објекти на детската градинка ОЈУДГ „Димче Мирчев“, деновиве ја проследија претставата со наслов „Далматинчо и Дедо Мраз“. Претставата беше подготвена по повод новогодишните празници и три дена се прикажуваше во објектите на градинката. Одлично беше прифатена од децата кога актерите во повеќе наврати успеаа да воспостават интеракција со публиката и особено да ја мотивираат да ги пее добро познатите песни посветени на Нова Година и на Дедо Мраз.

Освен што умеат да пеат и да танцуваат, дечињата и особено нивните родители поддржани од воспитувачките и вработените во велешката детска градинка умеат и да подаруваат. Тие денеска донираа три мини библиотеки со повеќе од 50 наслови на детска литератира, боенки и енциклопедии на Детско одделение на велешката болница.

Вредноста на донацијата изнесува 26.000 денари. Финансиските средства се собраа со купување на книгите коишто ги изработија дечињата заедно со родителите и ги изложија на изложбата којашто по повод Месецот на книгата се одржа во Локална библиотека Гоце Делчев. Тогаш скоро сите рачни изработки беа продадени и со собраните средства беа набавени 50 наслови на детска литература, боенки и енциклопедии што од денес се поставени во библиотеките на донацијата од велешката градинка за Детското одделение на болницата во Велес.

-Ова е еден подарок од срце во чест на претстојните празници од дечињата од градинката за сите другарчиња кои што Новогодишните празници ќе ги дочекаат на Детското одделение. Ним им посакуваме што поскоро оздравување и воедно претстојната година во којашто здрави дечиња ќе бидат сите во нашиот град, но тогаш кога ќе имаат потреба од здравствена или лекарска помош, во тие моменти нашата донација нека ги охрабри што поскоро да го надминат здравствениот проблем, рече Маја Велиновска директорка на ОЈУДГ „Димче Мирчев“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.