(фото и видео) Средношколците ги кажаа своите приоритетие и дебатираа со градоначалникот Колев

Објавено на 15 април, 2024 во 14:45

Велешките учениците од четирите општински средни училишта, денеска, заедно со градоначалникот Марко Колев дебатираа на различни теми значајни за нив и младите во градот. Во пријатна и опуштена атмосфера во Градски парк , учениците даваа свои предлози и иницијативи на коишто во иднина ќе работи општината.

Преставнички од Локален младинки совет на средношколците им предложија слободно да ги контактираат и сите идеи што ги имаат за поубав Велес да им ги пренесат, за потоа да бидат предложени пред градоначалникот и Советот на општината и да бидат реализирани. Исто така, тие ги мотивираа младите да земат учество на еколошки акции за почист и поубав град но и да ја чуваат урбаната опрема поточно да не се уништуваат поставените клупи, канти за отпадоци кои финансиски се набавуваат од општинскиот буџет.

Еден средношколец, до градоначалникот постави и прашање кога ќе биде поставена татран патека во паркот, на што Колев му одговори дека во текот на наредна недела татран ќе биде поставен на игралиштето во „Дворови“ а понатаму и на други локации.

На настанот беа присутни повеќе од 200 млади, претставници на Локеланиот младински совет и дел од советниците на Општина Велес.

Денешната дебата е завршен настан од проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ преку кој во изминатиот период беа организирани пет работилници за врсничко насилство, булинг, ментално здравје, инклузија и конструктивни наративи со повеќе од 200 млади ученици, дебата за 8 Март како потсетник за вистинската суштина и борба за родова еднаквостза како и две одиграни тематски престави за 400 млади.

На самиот крај од дебата средношколците се забавуваа заедно со велешанецот Мики Секуловски.

Инаку проектот е финансиран од Фондот за мир на Обединетите нации и имплементиран од страна на Општина Велес и програма за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со УНФПА, УНЕСКО и UN Women.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.