(фото) Ќе се отвори Еко кампот на езеро Младост, познато кој ќе стопанисува со него во следните 10 години
Во следните месеци активно ќе се работи на уредување на просторот на Еко кампот на езеро Младост согласно идејното решение, со цел местото да стане атрактивно за домашни и странски посетители.
Од Општина Велес соопштија дека овој објект, Еко кампот го дале под закуп и друштвото за трговија и услиги АЛЛ ИН ДООЕЛ Велес е концесионерот кој по завршувањето на јавниот оглас и сите административни процедури, во наредните 10 години ќе стопанисува со овој објект.
-Градоначалникот Марко Колев утрово одржа прв работен состанок со претставници на Друштвото за трговија и услуги кои на електронското јавно наддавање понудија највисока цена од 93.516.00 денари месечна закупнина. Во наредните месеци активно ќе се работи на уредување на просторот согласно идејното решение со цел објектот да стане атрактивно место за домашните и странските посетители, додаваат од Општина Велес.
Исто така додаваат дека паркот на авантури за деца како и платформата за набљудување на птици на дел од велешкото езеро коишто се наоѓаат во Еко кампот се очекува да бидат отворени за неколку месеци.
Стефани Манева