(фото) Младински центар Велес го одбележа 9-ти мај – Денот на Европа

Објавено на 9 мај, 2024 во 15:26

Со презентација и интересен квиз средношколците денеска во Јуроп хаус Велес го одбележаа 9-ти мај, Денот на Европа. Околу 15 средношколци поделени во две групи се едуцираа а потоа и преку игра го тестираа своето знаење за значајностите на Европската Унија.

-Младински центар Велес оваа година одлучи да го одбележи Денот на Европа и со една кратка дискусија. Најинтересен дел беше квизот кога средношколците на еден начин се натпреваруваа меѓусебе но и преку игра научија повеќе поенти за Европската Унија, рече младинскиот работник Ивана Јордева.

Средношколците ја изразија својата благодарност за поканата за учество и додадоа дека почесто сакаат вакви интересни едукативни работилници.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.