(фото) Од денеска Велигденски базар во Велес

Објавено на 22 април, 2024 во 15:46

Поставени се првите тезги на коишто ракотворци од Велес, од кои повеќето жени, ќе нудат велигденски украси и разни цвеќиња на велигденскиот базар во Младински парк. На првиот ден, тие насмеани и во добро расположение ги услужуваа своите сограѓани. Рачно изработени зајчиња, цветови, украси и накит се дел од производите коишто можете да ги најдете на велешкиот велигденски базар.

Од Општина Велес соопштија дека базарот којшто се организира во пресрет на Велигденските празници започна денес и ќе трае до 30 април, додека на 26 април на велешките ракотворци ќе им се придружат и училиштата и градинките со свои креативни рачно изработени производи.

Стефани Манева

фото:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.