(фото) После три децении, ТППЕ Свети Николе обезбеди ново теренско возило

Објавено на 23 јануари, 2024 во 11:13

Територијалната противпожарна единица Свети Николе, преку својот фејсбук профил, соопшти дека вчера, на 22 јануари, после три децении обезбеди ново теренско возило.

-Ова возило ќе се користи за побрз и поефикасен одговор на секој предизвик за зачувување на животната средина и материјалните добра, а пред се за животот на граѓаните и нивните имоти, додаваат од ТППЕ Свети Николе.

Ова теренско возило марка „фотон“ е обезбедено преку сопствени финансиски средства на Општина Свети Николе.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.