(Фото) Спортските риболовци ги порибија езеро „Младост“ како и реките Вардар, Бабуна и Тополка
Во водите на езеро „Младост“ и река Вардар извршено е порибување со 500 килограми на риба, од видот „млад крап“. На „Младост“ со 300 и на река Вардар со 200 килограми. Здружението на спортски риболовци „Бабуна“, исто така, реализираше порибување на река „Бабуна“ со 50 килограми и на река „Тополка“ со 30 килограми риба од видот „подмладок пастрмка“.
-Како концерионер на водите во нашиот ревир, со кои стопанисува ЗРС „Бабуна“ од Велес, исполнета е обрврската која произлегува од Законот за рибарство и авакултура според договорот со Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство за порибување, рече вработеното лице, Лазар Лазаровски.
Според Лазаревски за порибувањето купена е риба во вкупна количина од 580 килограми од фирмата „Акватика“ од Неготино во вредност од околу 300.000,00 денари.
Убавка Јаневска