(Фото) Учениците на ООУ„Рајко Жинзифов“ приредија одбележување на меѓународниот ден на бошњаците во велешко Горно Оризари
Училишниот двор беше местото каде годинава во велешко се одбележа Меѓународниот ден на Бошњаците. Учениците на ООУ„Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари заедно со наставниците им приредија на жителите на селото убава манифестација во која ги споија културата, традицијата, фолклорот, носиите и народните специјалитети на оваа заедница во општина Велес.
„Меѓународниот ден на Бошњаците го одбележавме со пригодна програма и штандови од ревијален карактер преку кои покажавме дел од босанската традиционална кујна, промовиравме традиционална носија и домашни изработки, а на штанд со производи ги презентиравме најкаректиристичните коишто се произведуваат во Горно Оризари. На посебен штанд ја прикажавме историјата на Република Босна и Херцеговин,“ рече Тања Николова директорка на ООУ „Рајко Жинзифов“.
Дума.мк