(Фото)Женско е првото новороденче во Кавадарци

Објавено на 1 јануари, 2024 во 15:52

Среќната мајка е Тања Николовска Пашлакова од Неготино, која прва во новата година се породила 20 минути после полноќ. Бебето е тешко 3150 грама, а долго 50 см.

Градоначалникот Митко Јанчев денес ја посети родилката и нејзиното бебе во ЈЗУ „Општа болница“ Кавадарци.

„Нека е живо и здраво бебето, а годината бериќетна,“ рече Јанчев при денешната посета на Одделението за гинекологија и акушерство во кавадаречката Општа Болница. Тој на Николовска Пашлакова и ги предаде подароците од општината и Советот.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.