(фото)Ученици од основните и средни велешки училишта беа дел од панел дискусија на тема „Врсничко насилство и булинг во училиштата“

По повод одбележување на неделата за „Промоција на хумани вредности“, во организација на велешкиот Црвен Крст, вчера, во просториите на Европската куќа во Велес, се одржа панел дискусија на тема „Врсничко насилство и булинг во училиштата“. Присутните ученици од повеќето основни и средни училишта од Велес имаа можност да ги сослушаат панелистите како и волонтерите на Клубот на млади.

-Во улога на панелисти беа Милица Ристовска Темелковска психолог и волонтер, како и Верољуб Додевски поранешен Началник на отсек за превенција при СВР Велес и волонтер во Црвен крст. Освен нивните излагања пред присутните, од страна на волонтери од Клубот на млад, беа разкажани и вистински примери за насилство и булинг кои се случиле насекаде во светот, соопштија од Црвен Крст – Општинска организација Велес.

По завршување на панел дискусијата беа доделени и благодарниците за учениците кои биле дел од овогодинешниот циклус од Програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“.
Стефани Манева
