Годинава, македонскиот сончоглед на 20 отсто поголеми површини во државата, цената на маслото за јадење под 90 денари за литар (фото и видео)
Петнаесет дена пред започнување на пролетната сеидба македонските производители ветуваат дека за 20 отсто ќе ги зголемат површините за одгледување на сончоглед во државата. Тие се задоволни од минатогодишната откупна цена, навремената исплата на финансиските средства и субвенциите што министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им ги даде по неколку основи согласно воведените нови мерки за враќање на сончогледот на македонските ниви. Ова денеска го изјави претседателот на Асоцијацијата на производители на сончоглед, Никола Петковски.
Во Македонија, минатата година, на површина од 8 илјади хектари се произведени 15 илјади тони сончоглед. Севкупниот род е откупен. Поточно 11 илјади тони за производство за масло за јадење и 4 илјади тони за друг вид на употреба како храна.
Според Горан Лазов, менаџер на велешка „Маслодајна“ или ПИ „Кристал 1923 “ која го откупи ланскиот род на производителите повторно подготвена е и годинава за откуп на севкупното производство од реколта.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска, во рамки на посетата на ПИ „Кристал 1923“ во Велес и по остварената средба со менаџерскиот тим како и со група земјоделци – производители на сончоглед соопшти дека е задоволен од постигнатото договорно производство со производителите и со откупувачот.
Според Николовски подобрената состојба е резултат на минатогодишното одговорно и навремено презедомање на мерки за поддршка на домашното производство. И во исто време на поттикнатото договорно производство со што постигнато е повеќе од двојно да го зголеми производствто на сончоглед поточно во 2022 година да достигне досега највисока откупна цена од 35 денари по килограм, што е за скоро 60% поголема од откупната цена во 2021 година кога изнесувала 22 денари по килограм.
Убавка Јаневска