Град, вчера доцна попладне и приквечер, го столчи Азот и Горно Врановци

Објавено на 11 јули, 2021 во 20:22
Невреме во село Горно Врановци

Невреме проследено со силен ветар, дожд и град ги зафати селата Горно Врановци и Лисиче како и повеќе населени места во Азот, во општина Чашка.

Невремето траело околу половина час велат читатели на Дума кои ни ги испратија фотографиите. Градот им ги наполнил дворовите и се задржал на покривите на куќите па тие изгледаат како на нив да има снег.

Невреме во село Горно Врановци

Овие фотографии се од село Горно Врановци. Според Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, невреме пропратено со дожд, силен ветер и град зафатило и неколку села во Азот. Најмногу град паднал во Богомила.

-Во текот на утрешниот ден ќе ги имаме конкретните информации за евентуални штети. Вчера вечер додека ги добивав информациите од населените места што ги спомнав немаше пријави за штети на куќи, викендици и придружни објекти, додаде градоначалникот Стојановски.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.