Градоначалник Стојановски: Општина Чашка ја решава потребата од здрава и чиста вода за пиење,првично, на граѓаните во Извор и Долно Врановци (фото и видео)
Со една машина дупчалка и втора со компримиран воздух започна бушењето на почвата на две различни локации, поточно во селата Извор и Долно Врановци, во Општина Чашка, за обезбедување на вода за пиење. За оваа цел општината спровела тендерска постапка. Локалната власт во претходни испитувања на двете локации обезбедила информации за количините на здрава, чиста и квалитетна вода за потребите на граѓаните и домаќинствата особено значајни за во лето, кога како последица на климатските промени жителите се соочуваат со недоволни количини, рече Градоначалникот Горан Стојановски.
Стојановски додаде дека општината освен во овие две населени места на ист начин планира да го решава недостигот од вода за пиење, изразен во летниот период на годината, и во уште неколку други населени места на територијата на Чашка.
Од општинскиот буџет, за овие две бушотини во Извор и во Долно Врановци, обезбедени се финансиски средства во висина од 600 000 денари.
Убавка Јаневска