Градоначалникот Јанчев и новоизбраните советници во Кавадарци добија уверенија од ОИК

Објавено на 27 октомври, 2021 во 15:26

ОИК Кавадарци денеска ги додели уверенијата на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и советниците. Претседателката на ОИК, Емилија Петровска истакна дека изборите во Кавадарци поминаа во фер и демократска атмосфера и им посака успешен четири годишен мандат на советниците и градоначалникот.

 Јанчев упати благодарност за добиената доверба од граѓаните и нагласи дека целосно ќе се реализираат ветените проекти во изборната кампања. Тој од денеска го започнува вториот четиригодишен мандат.

Конститутивната седница на советот е закажана за во вторник. 

А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.