Градоначалникот Јанчев и новоизбраните советници во Кавадарци добија уверенија од ОИК
Објавено: 27 октомври, 2021, во 15:26 часотОИК Кавадарци денеска ги додели уверенијата на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и советниците. Претседателката на ОИК, Емилија Петровска истакна дека изборите во Кавадарци поминаа во фер и демократска атмосфера и им посака успешен четири годишен мандат на советниците и градоначалникот.

Јанчев упати благодарност за добиената доверба од граѓаните и нагласи дека целосно ќе се реализираат ветените проекти во изборната кампања. Тој од денеска го започнува вториот четиригодишен мандат.
Конститутивната седница на советот е закажана за во вторник.
А.Д




